cart-icon1
2200,00 ден.

Роза Канина ДООЕЛ Ресен

Треварот Науме Петковски од Ресен, повеќе од 30 години се занимава со производство на чаеви, чајни комбинации и производи од чајни комбинации.

Науме е дипломиран правник, кој почнал да се занимава со треварство, откако со пиењето чаеви ги надминал проблемите со нарушувањата на работата на бубрезите.

Тоа било мотив и поттик за него и за неговата сопруга да го завршат отсекот треварство при ЦСОУ "Димитар Влахов" и да почнат да ја "испитуваат" природата.

Петковски атестирал и патентирал четири чајни комбинации, мацерати, тинктури и медовини. Освен лекувањето со чаеви и чајни комбинации препорачува и исхрана по крвните крупи.

“Не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за се.”

Науме Петковски

Основач на Роза Канина

Повеќе од 30 години производство на чаеви, чајни комбинации и производи од чајни комбинации.

Како започна се?

Настанокот на оваа фирма е инициран од самата потреба на Науме Петковски, кој пред 30 години пуштен од градската болница во Скопје со креатинин 1700 успева да се излечи и одржи со помош на чаеви составени од најразлични тревки, а подоцна развива и соодветни режими на исхрана работени по теориите на Гинтер, Карпер, Рика Зараи, Дајмонд и др. прилагодени на Македонското поднебје.

Првите корисници биле комшиите, блиските, за понатаму да започнат да доаѓаат и од цела Македонија па и пошироко. Посебно успешно се лекуваат, бубрежните заболувања, кожните заболувања, тешките заболувања најчесто нерешливи за модерната медицина, како што се псоријаза вулгарис, витилиго, импетиго, егземи, еритхемен лупус, бубрежни инсуфициенции и други болести.

Начин на работа

Работиме по листите за исхрана на доктор Питер Адамо. Тоа се природни законитости, кои не може да се менуваат бидејќи природата одредила која група каква исхрана треба да применува. Порано работевме по Карпер, Зараи, Дајмонд ама кај одредени болести, ефектите од лекувањето од аспект на исхраната не беа задоволени, вели Петковски.

Петковски вели дека при лекувањето со неговите препарати важни се три фактори- психолошкиот (желбата да се оздрави), начинот на лекување и менување на режимот на исхрана. Работи по рецептури од југословенските и бугарските фармакопеи, од Весна Лукаровска и Васо Дервенџе.

Тревките ги собираме сами најчесто на високите места на Галичица и Пелистер каде се најквалитетни. Важно е да се внимава на периодите за собирање. Kоја тревка кога се собира и во какво време, да биде сончево, да нема роса.

Ги сушиме, пакуваме и чуваме, во посебни простории. Пред да ги употребиме ги мелеме за да бидат посвежи, објаснува Петковски. Тој гарантира оздравување за болестите, за кои има атест за тревките - болести за мокрачниот систем (воспаленија на бубрези, уретри, на бешика, на простата, воспалителни проблеми на гениталиите, на јајниците, бактериолошки проблеми, камења, инсифициенци, нефросклерози), потоа кај црнодробните заболувања ( болести на црниот дроб, хепатитични состојби, цирози, дијабетес, тумори и малигни болести), и чајната комбинација за слабеење.